Skip to main content

Николоски: Време е на Валандово да му се случи промена за заеднички да можеме да ја градиме општината

Facebook/Aleksandar Nikoloski

Народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во општина Валандово се обрати вицепремиерот и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Промената која што минатата година почна ќе се случи и на локални ниво. Време е на Валандово да му се случи промена за заеднички да можеме да ја градиме општината, градот и сите населени места кои што гравитираат кон градот, да правиме поубави места за живеење, места во кои што луѓето ќе доаѓаат, а нема да си одат, места во кои ќе сака малиот бизнис да инвестира, места во кои вие ќе можете да ја видите својата иднина – рече Николоски.

Тој потенцира дека е потребна голема масовна мобилизација.

На 19 октомври да ги поканиме сите кои што ги познавате да излезат да гласат, да го заокружат бројот 9 и победата да биде голема уште таа вечер, за заеднички да почнеме веќе од 20-ти да работиме – додаде Николоски.

Поврзани вести