
Почна да се користи новиот автопат од Врбјани до Ботун, дел од автопатот Кичево-Охрид. Продолжуваме со уште посилно темпо да ја градиме Македонија, напиша денеска на социјалните мрежи вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Тој истакнува дека следуваат нови проекти.
Претходно, премиерот Христијан Мицкоски, споделувајќи видео од разговор со Николовски додека се возат по автопатот од кој што вчера беа пуштени 20 километри посочи дека граѓаните долго време го чекаа ова автопатско решение и порача проблемите да се остават во минатото и да се гледа напред.