
Ја вративме безбедноста на мостот кај Башино село во Велес,објави на Фејсбук, Потпретседателот на Владата, Александар Николоски.
Денеска го пуштивме за сообраќај за сите возила, тоа што го ветивме пред само шест месеци.
Успеваме со добра координација меѓу централната и локалната власт во рекордно време да го санираме и целосно да го зацврстиме со што од денеска мостот е безбеден за сообраќај.
Доаѓаат многу значајни проекти за Велес, напиша Николоски.