Skip to main content

Николоски и Трајановски на терен во надзор над работата за изградба на автопатот Охрид-Кичево

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, во петокот и во текот на вчерашниот ден извршија вондреден надзор над активностите за изградба на автопатот Кичево-Охрид.

фото: Министерство за транспорт

Надзорот се направи на повеќе позиции каде во моментов се вршат засилени градежни активности за реализација на овој капитален проект.

фото: Министерство за транспорт

При извршените контроли беше констатирано дека градежните работи се одвиваат со силен интензитет, согласно новиот динамички план за изградба на автопатот. Исто така беше утврдено дека наследентите проблеми со експропријацијата, дислокација на водовите како и косините се решаваат во континуитет согласно планираната динамика.

фото: Министерство за транспорт

По целата траса работите се одвиваат интензивно, се со цел до почетокот на туристичката сезона да се пушти за сообраќај потегот од Врбјани до Охрид со еден мал прекин кај населеното место Ботун каде се работи на санација на свлечиште.

фото: Министерство за транспорт

Како што истакна вицепремиерот Николоски, динамиката на работа е планирана на начин што целиот автопат ќе се заврши до крај на 2026 година и истиот да се пушти во употреба. 

фото: Министерство за транспорт
фото: Министерство за транспорт
фото: Министерство за транспорт
фото: Министерство за транспорт

Поврзани вести