Skip to main content

Николоски: Филипче со денови избегнува да одговори како како Македонија најлошо се справуваше со короната-кризата

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на митингот на партијата за локалните избори во Богданци обвини дека претседателот на СДСМ Венко Филипче со денови избегнува одговор на прашањето како дозволил како министер за здравство Македонија најлошо да се справи со корона-кризата и зошто десетици и стотици семејства останаа завиени во црно. Николоски рече дека Филипче лошо менаџирал во здравството и кажа дека тендерите за набавка на ковид вакцините биле криминални потсетувајќи дека тогаш ВМРО-ДПМНЕ како опозиција ја открила шемата. 

– Одговорот е многу едноставен и затоа бегаат како што во тоа време мислеа само на криминал и на корупција. На таа работа после овие избори Владата на премиерот Христијан Мицкоски сериозно ќе се посвети, најави Николоски.

Николоски побара жителите на Богданци масовно да излезат на гласање потенцирајќи дека целокупниот фокус на Владата е насочен кон подобрување на стандардот и начинот на живот на граѓаните. Од другата страна, рече Николоски, имаме структура и луѓе кои поинаку размислуваат и сакаат да не вратат назад.

– Тоа е темната коалиција на СДСМ-ДУИ-Левица кои водат најцрна можна кампања откако сме виделе кампања во избори. Тие се очај, во тепка паника и затоа треба масовна излезност за да ставиме точка, да не оставиме простор на ниеден од нив да мисли дека овие процеси се повратни и дека што било можат да направат за повторно да дојдат во позиција да одлучуваат за иднината на Македонија, рече Николоски. 

Таа коалиција на Али Ахмети-Венко Филипче и Димитар Апасиев треба да исчезне после овие избори за да можеме да се фокусираме на она што е најбитно и најзначајно а тоа е економскиот раст и просперитет. 

– Минатата година благодарение на вашата поддршка се случија промените. Ставивме крај на темното криминално владеење на Владата на СДСМ и на ДУИ, а оваа година редно време е и тука во Богданци да се случат промените, затоа што се повеќе од потребни. Вие тоа го гледате секој ден. Гледаме дека на најлош можен начин се менаџира општината. Има еден феномен, основото образование тука се одвива во отежнати услови, несоодветни за настава за децата затоа што градоначалникот на свој криминален начин решил да го реконтруира кровот на училиштето и сега прашање е на денови кога кровото ќе се сруши и училиштето ќе остане без кров и затоа децата мора да одат во гимназијата во втора смена и на тој начин да одржуваат настава, рече Николоски.  

Исто така тој кажа дека во општината има и инфраструктурни проблеми. Затоа, потенцираше тој, на 19 октомври ни е потребна масовна референдумска излезност за веќе од 20 октомври да се решаваат овие проблеми. – Училиштето, основните инфраструктурни проекти не чекаат дополнителни две недели. Пред нас е зимата, пред нас се дополнителни проблеми, и ако сакаме да ги решаваме тие проблеми потребно е уште во првиот круг  да се заврши работтата за да може новиот градоначалник да ја фати таа работа и заедно со Владата да ги решава овие проблеми, рече Николоски. 

Фокусот е огромен на целиот овој регион, кој е земјоделски и Владата прави многу. – Со гордост да кажам дека го отворивме патот од Гевгелија односно реконструиран е патот од Понов мост до Богданци, а имаме бројни проекти и за периодот пред нас. Со сегашниот градоначалник скоро и да немаше соработка, рече Николоски. 

Ниолоски, кој е и министер за транспорт, рече дека пред неколку дена имал средби со претставници на транспортни компании и дека ќе биде дадена целосно поддршка и дека во тек се процедури за дозволите.

– Ќе гледаме максимално, фер, транспаретно со софтверот кој што го имаме тие прашања да се решаваат со цел што повеќе македонски компании и од тука од Богданци да заработат повеќе и на тој начин да живеат подобро, рече Николоски.

На митингот во Богданци се обрати и премиерот Христијан Мицкоски, кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, а беа претставени и кандидатите за советници

Поврзани вести