Skip to main content
Реакција на ВМРО-ДПМНЕ

Неадекватното работење и криминалот на ДУИ ја урна куќата на Владо Малески

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека неадекватното работење и криминалот на ДУИ ја урна куќата на Владо Малески во Струга.

Градоначалникот на ДУИ од Струга даде градежна дозвола за објект до куќата на Владо Малески и ја загрози истата со нејзино уривање.

Криминалот на ДУИ и неадекватното работење прави штета по државата секој ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму порачуваат дека Јавното обвинителство мора да постапи и отвори истрага.

Очекуваме одговорност за штетата.

Се надеваме дека Министерството за култура ќе направи се да ја поправи штетата направена од ДУИ и ќе ја обнови куќата на Владо Малески“, се вели во реакцијата на ВМ;РО-ДПМНЕ.

Поврзани вести