Skip to main content

Не знам до кога Европа ќе има трпение со Бугарија, обидот за асимилација на македонскиот народ е опасен и за ЕУ, предупредува Мицкоски

Не очекувам од нашиот источен сосед да испрати поинаква порака, тие мора пред нашите европартнери и партнерите во НАТО да рефлектираат реторика со која ќе нè обвинуваат нас, дека ние сме тие, а во суштина светот и Европа видоа која беше целта на бугарските политичари, ги коментираше премиерот Христијан Мицкоски реакциите на официјална Софија по неговата изјава во врска со бугарскиот министер за надворешни работи.

– Целта на бугарските политичари во ништо не се разликува од онаа цел што ја има руското раководство во Украина, а тоа е обид за асимилација на македонскиот народ и еден вид идентитетски инженеринг кој навистина најмалку треба да се случува во 21. век во Европа и тоа од земја членка на ЕУ, која треба да споделува европски вредности. Наместо да ѝ ја подадат раката на Македонија, наместо да нè поддржуваат на патот кон полноправно членство во ЕУ, што е и дел од Договорот за добрососедство, тие имаат поинаква цел и добро е што сите успеаја да видат. Добро е што сите сега веќе знаат која е крајната цел – дека не е неколку стотини македонски граѓани да бидат дел од Уставот, туку дека целта е многу подлабока и попасна и за Европа. На тој начин и ЕУ губи дел од својот имиџ и не знам до кога ќе има трпение со нашиот источен сосед – рече Мицкоски.

Поврзани вести