Skip to main content

Не е виц: ДУИ бара оставки

Во време кога насловните страници на вестите известуваат за трагичната смрт на 20 деца за само шест месеци во Детската клиника во Скопје, раководството на оваа клиника избира да објавува фотографии од предновогодишни прослави финансирани од буџетски средства, прогласувајќи ја годината за „успешна“, велат од ДУИ.

Ова е тежок удар за семејствата кои ги загубија своите деца и за граѓаните кои очекуваат чувствителност и одговорност од здравствените институции, велат од партијата.

Но, скандалот не завршува тука. 

Наместо да преземе конкретни чекори за решавање на оваа криза, министерот за здравство се впушта во партиски маневри која партија ќе доминира бнатре во Вреди. 

Оваа комбинација на неодговорност и рамнодушност е неприфатлива. 

Време е за оставки, за сериозни истраги и за враќање на одговорноста во нашиот здравствен систем. 

ДУИ нема да молчи пред оваа криза, која ја извади на виделина моралната и институционалната деградација на актуелната власт. 

Додека тие си го честитаат крајот на годината еден со друг, родителите се молат нивните деца да не се разболат и да не паднат во нивни раце.

Поврзани вести

Deneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibom girişcasibomcasibom girişcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibom 726Bonus veren sitelerCasibom 2024 - 2025Canlı BahisBedava deneme bonusucasibom güncel girişcasibomcasibomcasibom