Skip to main content

На Битолскиот универзитет се одржа обука за интервенција во криза во услови на колективна траума

Влада

Професорките од Психолошкото советувалиште на УКЛО, д-р Драгана Батиќ и д-р Гордана Ристевска Димитровска, денеска одржаа обука за интервенција во криза, фокусирана на колективна траума по пожарот што се случи во Кочани во кој животот го загубија 59 млади луѓе, а околу 200 се повредени.

Обуката беше наменета за психолози, педагози и социјални работници, кои работат во поддршка на луѓе во кризни ситуации, со акцент на помошта за деца, адолесценти и студентите.

Според професорката Гордана Ристевска – Димитровска, потребно е да се обезбеди психосоцијална помош и да се создадат интервенции за да се помогне на засегнати од трагични настани, додека професорката Драгана Батиќ смета дека трагичниот настан во Кочани е колективна траума која ја засегнува целата заедница и дека е важно да се создаде поддршка меѓу стручните лица за да се превенираат понатамошни штети.

Психолошкото советувалиште на УКЛО е достапно за секој студент кој има потреба од помош и поддршка, беше посочено на денешниот едукативен настан во УКЛО- Битола.

Поврзани вести