Skip to main content
Wd9tYnsUIZE

МВР одржа показна вежба на специјалните единици за спасување од жичарница

Во скијачкиот центар „Маврово“ се одржа показна вежба со сценарио „Евакуација од жичарница“ во организација на Македонското здружение на спасители во скијалишта, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во рамки на показната вежба, тимови од МВР од Специјалната антитерористичка единица – „Тигар“, Единицата за брзо распоредување и Баталјонот за специјални сили на армијата – „Волци“ вршеа безбедна евакуација на жичарницата што прекинала да работи. Во сценариото на вежбата, жичарницата што вообичаено работи на електричен погон, заради дефект прекинува да работи, не успева да профункционира ни дизел агрегатот што треба да преземе и тогаш се повикуваат тимовите кои имаат такви специјалистички обуки, да извршат симултано и безбедно спуштање на патниците, коишто се затечени на жичарницата, појаснуваат од МВР.

Целта на вежбата била унапредување на капацитетите на државата за справување со вакви кризни ситуации, засилување на соработката меѓу различни институции, сѐ со цел заштита и безбедност на граѓаните во вакви ситуации. 

Поврзани вести