Skip to main content

Муцунски ги пречека фудбалерите на „Престон Лајонс“: Амбасадори на спортот и гордост на македонската заедница во Австралија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски синоќа го пречека и му посака добредојде на фудбалскиот клуб од Австралија – Престон Лајонс кој вчера пристигнаа во Скопје.

Муцунски објави на Фесјбук фотографии од средбата со фудбалерите и напиша дека во Скопје имал чест, веднаш по слетувањето, да го пречека тимот на Престон Лајонс, за чии членови истакна дека се промотори на македонската култура и традиција, амбасадори на спортот и гордост на македонската заедница во Австралија.

Посетата инаку се реализира на покана и во организација на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и Фудбалска репрезентација на Македонија.