Skip to main content

Мисајловски: Првенствено, нас ни е најважна Македонија и македонскиот народ

Откако сум министер внимавам максимално како нашата Армија да биде уште подобра и модернизирана, првенствено нас ни е најважна Македонија и македонскиот народ, истакна во своето гостување во Дневникот на МРТВ министерот за одбрана Владо Мисајловски.

-Јас од кога сум министер, гледам максимално, ако има било каква помош било тоа кон Украина или трета земја ние да добиеме како Армија, да добиеме како земја, односно да добиеме дополнителна опрема, да добиеме и донации…, мора така. Мора, оти ние ако даваме дополнителна помош да се гледаме себеси, како нашата Армија да биде уште подобра да се модернизираме, но во исто време како да ги обновуваме сите опреми оние кои што ги даваме. Тоа е многу важно, бидејќи првенствено нас ни е најважна Македонија и македонскиот народ, појасни Мисајловски.

Мисајловски меѓудругото рече дека на маса е предлог за мир во Украина и дека тоа е новата геополитичка слика.

-Она што целиот свет сега може да го види, новата геополитика, или новата реалност, а тоа е на масата се става се става предлог за мир, изјави министерот Мисајловски.

Она што е најважно се разговара за мир, мислам секој посакува да се најде мир. Бидејќи милиони луѓе се уште умираат на борбените полиња, независно од која страна се и овој хаос мора прекине, рече Мисајловски.

Поврзани вести