
Се модернизираат училишта, јавни простори, се поддржуваат спортот и културата. Секој проект е насочен кон подобрување на квалитетот на живот за граѓаните. Се создаваат функционални јавни површини, се обезбедуваат услови за развој на младите кои се иднината на градот, истакна вечерва од Куманово, Владо Мисајловски – министер за одбрана и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
-Владата активно инвестира во сите општини, вклучително и во Куманово. Ќе продолжи со активности и иницијативи во наредниот период, со цел обезбедување на подобар живот, развојни можности и просперитетна иднина за сите граѓани, рече тој.
Мисајловски истакна дека преку соработката со коалициониот партнер ЗНАМ и нејзиниот лидер Максим Димитриевски кој е градоначалник на Куманово, се гледа реализација на видливи проекти за граѓаните.
-Ве повикувам да дадеме поддршка за тимот кој има визија и сила да го направи Куманово подобро место за живеење. Да дадеме силна поддршка на листата за советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кои ќе го движат Куманово кон едни подобри денови. Вашиот глас е значаен за заедничката визија за Куманово, порача Мисајловски.