
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во Министерството за одбрана оствари проштална средба со амбасадорот на Обединетото Кралство H.E Метју Лосон, на која присуствуваше одбранбеното аташе, потполковничката Денис МкМахон.
Искрена благодарност, во име на Министерството за одбрана и во мое лично име, за значајниот придонес на амбасадорот Лосон за унапредување на билатералните односи и одбранбената соработка меѓу двете земји, како и за континуираната поддршка во развојот на одбраната, стратешките документи и модернизацијата на Армијата. Му посакувам успех во идните професионални предизвици, со уверување дека пријателството, довербата и партнерството со Обединетото Кралство, кој е еден од нашите најзначајни партнери во одбраната, ќе продолжат да се зајакнуваат и во иднина, порача Мисајлоски.

Македонски


