
Полициски службеници од Сектор за меѓународна полициска соработка, Отсек за потрага по цел, денеска во 09:15 часот, во Дебар го привеле А.М. (33) кој бил во бегство од Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“.
Лицето е осудено на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик – “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.
А.М. е предаден на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Дебар за понатамошна постапка.

Македонски


