Skip to main content

Андру Шели, ново одбранбено аташе на САД во Македонија

Добредојде за новото одбранбено аташе на САД, потполковник Андру Шели.Нашите две земји се стратешки партнери и сојузници во Алијансата. Долгогодишната плодна соработка со САД ни овозможи да ги зајакнеме капацитетите на македонската Армија, да ја зацврстиме сигурноста дома и да придонесеме кон јакнењето на колективната безбедност на НАТО, напиша министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Нашата заедничка цел е соработката која несомнено претставува пример за тоа како две сојузнички земји работат и се развиваат заедно, да продолжи и во иднина. Македонската Армија се засили со нова и софистицирана опрема од американско производство, а тој тренд ќе продолжи и следните години.

Со потполковникот Шели ќе работиме непосредно и континуирано зашто нашата соработка значи безбеден и сигурен регион и силна колективна безбедност

Поврзани вести