Skip to main content

Мирен втор круг – пријавено фотографирање на гласачко ливче во Шуто Оризари објави Скопје1.мк

Привремената комисија на Јавното обвинителство за следење на евентуални кривични дела поврзани со изборниот процес соопшти дека вториот круг од локалните избори поминал мирно и без поголеми нарушувања.

„Во текот на денешниот ден, јавните обвинителства беа организирани со вонредни дежурства, со цел навремена координација и давање насоки за постапување на надлежните органи“, информираат од Обвинителството.

Во текот на денот до обвинителствата пристигнало само едно известување за инцидент – во Шуто Оризари, каде било пријавено фотографирање на гласачко ливче, што претставува прекршок. „Итно се дадени насоки за документирање на настанот“, наведуваат од институцијата.

Иако изборниот ден поминал без сериозни проблеми, Комисијата на Јавното обвинителство ќе продолжи да го следи процесот до неговото целосно завршување.

Од Обвинителството потсетуваат дека сите граѓани кои имаат сомневање за кривично дело поврзано со изборите можат да пријават во најблиското јавно обвинителство или преку електронска адреса izbori@jorm.mk.

„По сите пријави за кривични дела поврзани со изборите, јавните обвинителства постапуваат со приоритет,“ стои во соопштението.

Поврзани вести