Skip to main content
Министерот на работна средба со Баграт Тунјан од СИГМА

Минчев: Продолжува партнерската соработка за унапредување на реформата на јавната администрација

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев оствари работна средба со Баграт Тунјан, координатор за Република Македонија од СИГМА – заедничката иницијатива на ОЕЦД и Европската Унија.

Како што информираат од Министерството за јавна администрација (МЈА), на средбата е разговарано за тековните активности поврзани со реформата на јавната администрација, како и за подготовките за претстојната оценска мисија на СИГМА, која ќе се фокусира на следењето и оценувањето на напредокот во спроведувањето на реформските активности и дефинирањето на идните приоритети во рамки на новиот Акциски план за Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023-2030.

Министерот Минчев истакна дека континуираната координација и соработка со СИГМА претставува значајна поддршка во процесот на градење професионална, ефикасна и модерна јавна администрација, согласно европските стандарди и принципи на добро управување.

Нашата цел е реформите во јавната администрација да бидат одржливи, засновани на јасни критериуми и мерливи резултати. Во тој процес, експертската поддршка и препораките на СИГМА се од особено значење за понатамошно унапредување на системот – вели Минчев.

Соговорниците дискутираа за клучните приоритети во наредниот период, насочени кон обезбедување континуитет во реформскиот процес, подобро планирање на активностите и ефективно следење на постигнатиот напредок во согласност со европските принципи на добро управување.

Како што се нагласува во соопштението, Министерството за јавна администрација, продолжува со редовна комуникација и партнерска соработка со СИГМА и останатите меѓународни партнери, со цел обезбедување квалитетни реформи кои ќе придонесат за поефикасни институции и подобри услуги за граѓаните. 

Поврзани вести