
Имаме основано сомневање кој може да биде инспиратор за сето ова што се случуваше, рече премиерот Христијан Мицкоски во своето вечерашно гостување во централниот дневник на телевизија Алсат.
Како што рече, тој не би сакал да изнесува детали за влијанија од надвор, но откри дека во земјава има основани сомневања за девијантно поведение за група од 20 лица.
„Не би коментирал од каде и како, географски, но она што го кажувам го кажувам врз основа на информации со коишто располагам и основаните сомневања со коишто ние располагаме како Влада. Што се однесува за дома, веќе имаме една група од 20-тина лица која е под мониторинг, за која постои основано сомневање дека девијантно се однесувала изминатиов период и оставам на органите на прогонот да ја завршат својата домашна задача“, рече Мицкоски.