Skip to main content

Мицкоски за денешната полициска акција: Има сомневање дека лица се здружиле и направиле криминал од 6,5 милиони евра

На денешната прес-конференција премиерот Христијан Мицкоски за акцијата којашто се спроведува денеска во повеќе градови кадешто предмет на претрес се документации поврзани со јавни набавки и снабдување со адитиви за РЕК Битола и Осломеј изјави:

Организирана група на високи претставници на РЕК Битола и лица кои управуваат со други правни субјекти. Постои основано сомнение дека лица се здружиле и направиле криминал од 6,5 милиони евра, многу докази се најдени, но тоа ќе го оставам на обвинителството и судовите. Тоа што е најдено е навистина загрижувачки. Знам дека бевме обвинувани дека многу малку органите на прогонот превземале чекори во насока на обезбедување на лица кои се организирале или индивидуално постојат сомневање дека сториле криминал. Ние баравме трпение бидејќи мора да имаме јасна процедура и докази, но и да соработуваат двата клучни столба, а тоа се обвинителството и судството. Таму се уште постојат структури кои се повеќе лојални на претходната влада отколку на правдата. Како да гледам полека во последно време, се повеќе се приближуваат да и бидат лојални на правдата отколку на тие на кои претходно им слугувале.

На прашањето дали Васко Ковачевски е во државата, тој вели:

Не. Не е во државата подолго време но очекувам и да го обезбедиме и да го вратиме во државата, изјави Мицкоски.

Поврзани вести