Skip to main content

Мицкоски во посета на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје

Премиерот Христијан Мицкоски, првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити и министерот за здравство Азир Алиу денеска ќе ја посетат Универзитетската клиника за детски болести во Скопје.

Како што информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање, посетата е организирана по повод завршувањето на 11 значајни инфраструктурни и медицински проекти на Клиниката, насочени кон подобрување на условите за лекување и згрижување на најмладите пациенти.

Меѓу реализираните активности се издвојува и отстранувањето на над 40 тони акумулиран отпад – стар мебел, електронска опрема и медицински инвентар – првпат спроведено во соработка со социјалното претпријатие РЕДИ Рециклажа, кое што согласно еколошките стандарди и лиценца, врши управување со неопасен отпад и стреми кон формализација на неформалмите собирачи, наведуваат од Министерството.

Како што посочуваат од МЖСПП, овој проект претставува позитивен пример за еколошка одговорност и општествена свест во здравствените институции.

Поврзани вести