
Утре 05.05.2025 година (понеделник) претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува во посета на Општина Штип.
Во 11:30 часот претседателот Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на проектот изградба на градска магистрална улица траса од населба Железничка до м.в. Рибник прва фаза. Вредноста на проектот е 120.000.000 милиони денари без ДДВ или 141.000.000 со ДДВ. Средствата од 120.000.000 милиони од владата преку првиот повик и 21.000.000 од Општина Штип.
На проектот се работи втор месец и се очекува до септември да биде завршен.
Во 12:15 часот ќе изврши увид во работа на булевар Партизанска.
Средствата се обезбедени од Буџет на Општина Штип во износ од 130.000.000 денари.
Во 12:30 часот ќе го посети универзитет „Гоце Делчев“, каде свечено ќе се отвори лабораторија „Markerspace“. Современа лабораторија за иновации, истражување и развој, достапна за студентите, академската заедница, стартапите и претставниците на стопанството.
Во 13:15 часот ќе ја посети Општина Карбинци, каде ќе изврши увид во градежни активности за асфалтирање на сервисна улица 5 во село Таринци. Од унгарскиот кредит 9.2 милиона денара, остатокот е кофинансирање од општината.