Skip to main content

Мицкоски: Суштината од посетат на САД ќе се види во периодот што следи

Премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното интервју за МТВ од Њујорк беше запрашан дали поканата која ја добил за присуство на настанот од инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамнп во Вашингтон била добиена „по приватни канали“ и скапоплатена од специјализирана агенција, или пак ја добил официјално по иницијатива од САД. Вели поканата не е најважното нешто, туку инвестиции во Македонија кои таа посета ќе ги донесе. Според него допрва ќе бидат објавувани кои се бенифициите за земјата од посетата на САД.

Видете јас ги следам случувањата дома, и тоа што го прави опозицијата за мене е разбирливо. Тие сакаат тема од оваа посета да биде поканата. Но, суштината од посетата ќе ја гледаат допрва во периодот што следи.

Факт е дека како и секоја церемонија на инаугурација на претседател на САД е да биде на истото место – прво во ротондата во самиот Конгрес, а вториот дел е таму кај што го држеше говорот претседателот Трамп во салата на Вашингтон Визардс, каде јас бев во апартманскиот дел. Тоа беше голема чест што присуствувам на тој настан, а се друго оставам на политичкиот фолклор, рече Мицкоски.

Премиерот додаде дека во ВИП-просторот го следел настанот заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли, и со сопственикот на НБА-клубот Шарлот Хорнетс, кој како што рече тој, е милијардер кој се бавел со продажба на недвижнини.

Поврзани вести