Skip to main content

Мицкоски присуствуваше на епископската хиротонија на архимандритот Георгиј

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска во Соборниот храм на охридските архиепископи „Света Софија“ во Охрид, присуствуваше на епископската хиротонија на архимандритот Георгиј и негово устоличување на тронот на Дебарско-кичевската епархија.

-Во Соборниот храм на охридските архиепископи „Света Софија“ во Охрид денеска беше извршена епископска хиротонија на архимандритот Георгиј и негово устоличување на тронот на Дебарско-кичевската епархија. Со овој чин, г. Георгиј и официјално станува митрополит на Дебарско-кичевската епархија. Верувам дека со сите сили и знаења ќе служи на нашата црква. Достоен е! На многаја лета, објави премиерот Мицкоски на својот фрјсбук профил. 

Поврзани вести