Skip to main content

Мицкоски: Претходната влада прифати едно билатерално прашање да биде дел од нашата европска иднина

Mojoт став е ист а тоа е дека евроинтегративниот треба да се темели на вредности а не на билатерални прашања.За жал претходната влада прифати едно билатерално прашање да биде дел од нашата европска иднина.Јас тоа не можам да го прифатам, беше јасен премиерот Мицкоски на средбата со првиот човек на европскиот совет Антонио Кошта .

И нема никогаш да го прифатам Ќе се борам колку можам и додека можам да најдеме начин да излеземе од овој процес во кој што сме сега:Јас немам совест да излезам пред македонските граѓани и да им кажам дека ќе биде променет уставот а при тоа да заборавам дека има најмалку 14 пресуди од Стразбур има за Македонците од другата страна од границата кои што Бугарија игнорира да ги примени. Не можам никогаш да се сложам на било што поврзано со промена на Уставот ако знам дека една земја членка го доведува во прашање мојот мајчин македонски јазик и идентитет.Кога ќе имаме јасна позиција од страна на ЕУ и сите земји членки околку многувековниот македонски идентитет и јазик и околу вистинската желба да бидеме дел од европското семејство но и почитување на европските институции како што е Европскиот суд за човекови права подтотвен сум да разговарам во секое време за се, да покажеме дека можеме и дека ќе го одиме патот заедно.Дали некогаш го поставил прашањето зошто македонските граѓани немаат ништо против дел од хрватскиот народ кој живее тука да биде дел од уставот, никој нема против. Или Црногорците и Словенците или Португалците или Шпанците а има за ова.Тоа е проблемот.Решавањето на проблемите е ако ги идентификуваме а ако се држиме на формалности нема никогаш да ги решиме

Поврзани вести