
Директорката ги кажа сите детали. Јас немам што да додадам на сето тоа. Ми останува само да ја честитам успешната работа на директорот на Фондот исто така, за сето што го прават за јавното здравство, што е многу важно. Сакам да се заблагодарам и на заменик-министерот, кој исто така, од името на Министерството, дава несебична поддршка, рече денеска Премиерот Мицкоски на почетокот на реконструкцијата на Клиниката за гинекологија и акушерство.



На персоналот, на докторите, на медицинскиот персонал, на сите кои што се дел од јавното здравство, кои се дел од оваа клиника, кои што имајќи ги предвид условите во кои што работат- навистина даваат натчовечки напори да направат нешто повеќе и за граѓаните, но и за самото јавно здравство.
Ние како Влада, ќе продолжиме и понатаму да инвестираме и да помагаме, се разбира, колку што можеме. Оваа година буџетот на Фондот, ако се спореди со оној буџет да речеме ковид годината 2020,2021 е за некои 18 милијарди денари повисок, тоа е околу 300тини милиони евра, што е значителна сума. Дали е доволно? Никогаш не е доволно. Но ако имате близу 900 милиони евра буџет, тогаш тоа е нешто што е значајно, бидејќи 53 милијарди денари е буџетот.
Знаете дека се зголемија платите и за медицинскиот персонал и за техничкиот медицински персонал, за докторите. Така и ќе продолжиме, имаме една динамика која што е утврдена.
Дел од проектот, кој што ќе биде спроведен заедно со Владата на Обединетото Кралство, ќе биде токму фокусиран на здравството, и кој што очекувам, нормално, доколку условите се поволни да кулминира со изградба на конечно, посакуваниот големи Клинички центар во Скопје.
Така што една јасна стратегија, дефинирани цели каде треба да стигнеме, силна поддршка од Владата за јавното здравство, затоа што тоа е во интерес на граѓаните.
И уште еднаш на крај, да се заблагодарам на сите оние што се дел од јавното здравство- за тоа што прават за граѓаните.





