Skip to main content

Мицкоски: Нашата географија не е ограничување, туку можност Македонија може да стане поврзана точка меѓу Европа, Азија и регионот

Фејсбук Христијан Мицкоски

Во новите геополитички околности, државите повеќе не се раководат само од тоа каде одреден производ може да се произведе најевтино. Сè поважно станува прашањето кому може да му се верува, дали енергијата ќе биде достапна во време на криза и кој ќе ги поставува правилата за функционирањето на новите технологии, порача претседателот на Владата Христијан Мицкоски од говорницата на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Според него, иднината ќе зависи и од способноста на општествата навреме да ги разберат и да управуваат со промените што ги носи технологијата.

Вештачката интелигенција повеќе не е тема на иднината. Таа е инфраструктура на сегашноста – нагласи премиерот.

Тој посочи дека светот повторно ја препознава вредноста на отпорноста, сигурното снабдување со енергија, квалитетната инфраструктура, разновидните транспортни правци и блиските и доверливи синџири на снабдување.

Во тој контекст, премиерот го издвои интензивниот развој на коридорите 8 и 10 како дел од пошироката европска визија за инфраструктурно и економско поврзување.

Целта е подобро да се поврзат Јадранското, Црното и Егејското Море со Централна Европа и да се обезбедат повеќе и посигурни патишта за движење на стоките, енергијата и луѓето. Со развојот на овие коридори регионот треба да стане инфраструктурно поврзан и да престане да биде третиран како геополитичка периферија.

Нашата географија не мора да биде наша судбина. Таа може да стане наша предност – порача претседателот на Владата.

За тоа да се оствари, потребно е да се изградат институции и инфраструктура што ќе ја претворат географската положба на Македонија во вистинска регионална и европска поврзаност.

Поврзани вести