Skip to main content

Мицкоски се сретна со началникот на ГШ на германските вооружени сили: Потврдена заложбата за продлабочување на одбранбената соработка

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил средба со началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Германија, генерал Карстен Бројер, на која било разговарано за унапредување на билатералната одбранбена соработка и зајакнување на партнерството во рамки на НАТО.

Како што објави Мицкоски, на средбата биле разгледани и актуелните безбедносни предизвици со кои се соочува Европа, како и можностите за натамошно продлабочување на соработката меѓу двете земји во областа на одбраната.

„Заеднички ја потврдивме определбата за продлабочување на соработката преку размена на искуства, заеднички активности и натамошен развој на капацитетите на вооружените сили, со цел јакнење на регионалната и евроатлантската безбедност“, напиша Мицкоски.

Средбата е дел од континуираните активности за зајакнување на соработката со сојузниците во НАТО и унапредување на одбранбените капацитети на државата.

Поврзани вести