Skip to main content

Мицкоски: Македонија заслужува власт што работи, а не што краде и манипулира

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на предизборната кампања за локалните избори, премиерот Христијан Мицкоски упати остри критики кон неговите политички противници, нагласувајќи дека Македонија мора да излезе од долгогодишниот круг на лаги, криминал и корупција.

„Доста е со политичари кои мислат само на себе. Народот чека подобар живот, не нови измами и манипулации,“ истакна Мицкоски во своето обраќање на собирот во Демир Капија.

Тој порача дека државата ја очекува голема работа – од обновување на економијата, преку изградба на инфраструктура, до обезбедување правда за сите.

„Не ни требаат елити кои крадат, туку луѓе кои ќе се жртвуваат за граѓаните и ќе донесат вистинска промена,“ додаде тој.

Во своето излагање, Мицкоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ има јасна визија за иднината: повеќе инвестиции, подобро образование, модерна здравствена заштита и услови во кои младите ќе останат во земјата.

„Македонија ќе биде место каде младите ќе ја гледаат својата иднина, а не да бегаат во странство,“ нагласи премиерот.

Според него, време е граѓаните да им кажат „стоп“ на оние кои со години ја злоупотребувале државата за личен интерес.

„Ова е битка за иднината, за чест и достоинство. Ние нема да се откажеме додека не ја вратиме Македонија на вистинскиот пат,“ порача Мицкоски.

Присутните го поздравија неговиот говор со силен аплауз, а тој заврши со повик за единство и мобилизација на сите граѓани кои сакаат промени.

Поврзани вести