
Христијан Мицкоски, македонскиот премиер вечерва во интервју во Click Plus на ТВ21 зборуваше за разбиената терористичка група на подрачјето на Гостивар и Струга.
Мицкоски рече дека ќелијата подготвувала терористички напад, не само во земјата, туку и пошироко, и дека била разбиена заедно со партнерите.
За оваа ќелија постоеше основано сомнение дека се подготвуваат напади кои имаат цели во државата, би рекол терористички напади, и ова е една од многуте ќелии кои се активни во регионот. Но таа е сега обезбедена и елиминирана барем кај нас. Претпоставувам дека другите држави ќе бидат оперативни во деновите кои следат и ќе ги елиминираат. Заедно со нашите партнери ја неутрализиравме – рече Мицкоски.