
Дебата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“ – Развој на стратешки документи за демографска отпорност, ќе биде одржана денеска во Свечената сала во Владата.
Обраќање на настанот ќе има претседателот на Владата Христијан Мицкоски, соопшти владината прес-служба.
Пред настанот, предвидено е изјави за медиуми да дадат министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани и националниот координатор за демографија, млади и човечки ресурси Владимир Ѓорчев.