За време на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел, премиерот Христијан Мицкоски, придружуван од министрите за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и за европски прашања Орхан Муртезани, остварија средба со новата еврокомесарка за надворешни работи, Каја Калас.
На средбата разговаравме од потребата ЕУ да го забрза процесот за интеграции и да направи заложба низ добра волја и заедничко разбирање да се одблокира нашиот пат кон ЕУ. Ги објаснив нашите позиции и нашите цели. Македонија заслужува да оди напред во интеграциите, порача Мицкоски.
Како што најави Владата, покрај учеството на Самитот, премиерот Мицкоски ќе има средби и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и со неговите колеги од Шпанија и Полска, Педро Санчез и Доналд Туск.
Утре, Мицкоски ќе учествува и на Самитот на Европската народна партија (ЕПП), кој ќе се одржи пред средбата на шефовите на држави или влади на членките на ЕУ.