Skip to main content

Мицкоски: Додека сум јас премиер, ниту еден бегалски шатор нема да никне во Македонија

Со индигнација ги отфрлам овие шпекулации дека планираме да правиме какви било кампови за илегални мигранти. Темата што е зборувана во британските медиуми е за неуспешни апликанти за азил да ги праќаат во трети земји. Таква тема не е разговарана со нас, а и да се разговара ќе се одбие. Разговарано е дека ќе се бориме заедно против илегалната миграција, илегалните мигранти кои влегуваат кај нас преку граница од земја членка на ЕУ – рече Мицкоски.

Тој најави дека како што се прави проект „Сејф сити“, ќе се прави проект Сејф кантри со кој нашите граници ќе бидат целосно мониторирани.

Ги гледам овие салта и гимнастики кои ги прави опозицијата. Не само што не е вистина, туку за мене претставува чудно во отсуство на било каква идеја, која може да мобилизира или да придонесе во рамките на општестениов живот, вие за таа тема да вадите ваква кампања и тоа против партија од каде почива фундаменталната тема на политиките да се бориме против илегалната миграција, рече премиерот Христијан Мицкоски, прашан за обвинувањата од страна на опозициската СДСМ за некакви мигранти кои треба да дојдат од Велика Британија. Лидерот на СДСМ Филипче, дури најави и онлајн петиција.

Јас ги разбирам, немаат идеја, се обидуваат да се мобилизираат и да растураат пердуви. Ние дури најавуваме борба против илегалните мигранти по примерот на „Сејф сити“, ќе развиеме проект „Сејф кантри“, со тоа што нашите граници ќе бидат целосно под мониторинг за да не се случуваат вакви работи. Апсолутно ги отфрлам како неточни овие обвинувања. Во изјавите од Обединетото Кралство се вели дека неуспешни апликанти ќе праќаат, но за ваква тема воопшто не е разговарано, и да се разговара, ќе бидат одбиени. Додека сум јас премиер, ниту еден бегалски шатор нема да никне во Македонија, рече Мицкоски.

Поврзани вести