
За пет месеци од денеска ќе почне кампањата за локалните избори и граѓаните ќе кажат чија кариера завршува, а чија почнува. Тоа што играте на картата на кратко помнење, ве советувам дека нема да добиете политички поени, изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања.
Ваквиот одговор следува по прашањето на пратеникот Митко Трајчулески од СДСМ за одговорноста на дел од министрите и Владата околу за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“.
Мицкоски информира дека истрагата ја води јавниот обвинител, а не тој или Владата.
-ВМРО-ДПМНЕ се уште е под прогон на обвинители од времето кога СДСМ ги бираше. Ако обвинителот одлучи дека треба да одам во затвор, ќе одам. Никому ништо. Не треба да се плашиме. И затвор е за луѓе. Обвинителот треба да го прашање дали се штитат високи владини функционери. На крајот од денот, еден пример е дека еден член на Владата е во притвор. Сето тоа по налог на Обвинителството. Не по мој повик. Ќе постапуваме по налог на Обвинителството во координација со судот. Актуелен градоначалник е притворен…Во ваше време, тоа беше невозможна мисија – не успеавте да се доближите ниту до подалечниот периметар. Затоа господине Трајчулески, кога зборуваме за морал, најмалку вие имате право. Можеби немаме ни ние, но ќе кажат граѓаните наскоро на избори, рече меѓу другото претседателот на Владата.