Skip to main content

Меџити-Агелер: Стратешкото партнерство со САД како клучен водич за нашата иднина

Потпретседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес во просториите на Владата остварил работна средба со Анџела Агелер, амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјата. Како што велат од Кабинетот на Меџити, средбата била оддржана во исклучително конструктивна, работна и пријателска атмосфера, при што фокусот беше ставен на понатамошното продлабочување на партнерските односи помеѓу двете држави, влади и нивните граѓани.

Било потенцирано значењето на стратешкото партнерство кое Македонија го има со САД на билатерално и мултилатерално ниво, особено континуирата поддршка која САД ја дава на остварување на стратешките приоритети на земјава.

-Од страна на потпретседателот на Владата Изет Меџити беа потврдени и повторени заложбите на Владата за продолжување на реформите во насока на исполнување на евроинтегративните процеси на Македонија. Беше подвлечено и одличното ниво на соработка помеѓу двете држави во НАТО, како основен и значаен предуслов за оддржување на мирот и стабилноста во нашиот регион.

Беа разговарани и теми поврзани со правосудните реформи и потребата од зголемување на довербата на граѓаните во судските институции и постапки. Беше разговарано и за продолжување на борбата против корупцијата во државата како основен предуслов за градење на функционална демократија.

Од страна на двајцата соговорници беше истакнато задоволство за интензивирање на реализацијата на проектите за изградба на коридорите 8 и 10Д, при што од страна на господинот Меџити беше истакната посветеноста на Владата на овој приоритет.

На крај од средбата беше повторно потенциран взаемниот интерес за континуирана пријателска и партнерска соработка помеѓу двете држави и влади, стои во соопштението од Кабинетот на Меџити.

Поврзани вести