
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска во интервју за Атлантскиот совет зборуваше за визијата, одговорноста и јасниот курс што го следиме како држава.
Во политиката, како и во животот, најважно е зборот да има тежина. Кога преземаме обврска, тогаш работиме таа да биде исполнета. Граѓаните заслужуваат искрен пристап, конкретни планови и резултати, а не импровизации и празни ветувања.
Македонија е одговорен и посветен сојузник во НАТО, држава која ги исполнува своите обврски и активно придонесува кон зајакнување на безбедноста, стабилноста и развојот.
Имаме јасен план, имаме определена насока и чекор по чекор работиме за реализација на целите кои ги поставивме за посилна, побезбедна и просперитетна Македонија, објави на социјалните мрежи Мицкоски.

Македонски


