
Нека ни е честит Денот на независноста на Република Македонија!, пишува во денешното соопштение на СПМ, како честитка на претседателот на СПМ, Љупчо Димовски, што МИА го објавува целосно.
Ова е ден на кој на посебен начин ја изразуваме љубовта кон нашата Татковина Македонија.
Пред 34 години, сплотени во намерата да бидеме само и единствено свои, македонскиот народ на нашиот трет Илинден, храбро, решително, одлучно и одговорно го оствари вековниот сон на нашите предци за слободна, независна и суверена Република Македонија.
Држава Македонија како заокружување на вековната борба на македонскиот народ за свое сопствено парче земја.
Република Македонија не може да се гради врз други темели освен асномските и оние поставени со референдумот за независност од 8-ми Септември 1991.
Денес да се биде Македонец не е само право. Тоа е и обврска. Обврска да се чува наследството за кое нашите предци се избориле со пркос и непокор. Да се чува континуитетот на нашата определба, бидејќи како Македонци ние не можеме да бидеме нешто поразлично од нашите предци.
Затоа да не им го одземаме на нашите наследници она што ни го оставиле нашите претходници. Затоа што знаеме кои сме, знаеме што сакаме да сме. Затоа што знаеме каде, знаеме дека сакаме само тука да бидеме. Затоа што знаеме што имаме знаеме што сакаме да сочуваме и да стекнеме.
Среќен да ти е 34тиот роденден Татковино!
Си била и ќе бидеш Македонија!
Да ни е вечна и вековита Македонија!
Да живее Република Македонија!