Skip to main content

Лефков: Пратеникот Битиќи призна дека СДС нема да биде конкурентна за следните избори

Пратеникот Битиќи призна дека СДС нема да бидат конкурентни на следните избори, рече Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција, што МИА ја пренесува интегрално.

Поранешниот вицепремиер во Владата и потпретседател на СДС, Фатмир Битиќи, отворено кажува дека СДС немаат никакви шанси за добар резултат на следните избори кога и да бидат.

Ве поканувам да го проследиме видеото.

Почитувани,

Додека од една страна, Филипче бара предвремени избори, Битиќи и останатите видни членови на СДС се против одржување на истите.

Наместо реформи и кадровски промени во СДС, Филипче оди против сите и ја придвижува партијата кон исчезнување.

Ова е уште една потврда на добрата политика на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и на недовербата од страна на граѓаните кон СДС.

Поврзани вести