Skip to main content

Лафчиски на 28. конференција на началниците на Генералштабови на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5)

ГШ на Армијата

Началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски денеска учествуваше на 28. конференција на началниците на Генералштабовите на Вооружените сили од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5), која се одржува во Тирана, Република Албанија.

Како што информира Генералштабот на Армијата, на денешната конференција, чиј домаќин е началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Република Босна и Херцеговина, генерал-потполковник Гојко Кнежевич, се дискутираше на темата „А-5 за стабилност и соработка: Изградба на безбедна средина преку цивилно-воена синергија и регионален дијалог“.

Во рамките на конференцијата генералот Лафчиски ја истакнал важноста на цивилно – воената соработка помеѓу А-5 земјите, особено во време на глобални предизвици кои бараат заеднички одговор и координација. Генералот нагласил дека регионалната соработка претставува клучен елемент за изградба на стабилност, безбедност и доверба. Дополнително, се ставил акцент на силната соработка на Армијата со цивилните структури на нашата држава, што претставува значаен пример за ефикасно користење на сите општествени капацитети во справување со елементарните непогоди, кои ја зафатија државата.

По завршување на конференцијата потпишана е заедничка изјава со која се потврдува заложбата за натамошно зајакнување и продлабочување на односите, како и проширување на воената соработка со цел унапредување на регионалната безбедност.

Во рамки на програмата генералот Лафчиски остварил билатерални средби со дел од началниците на Генералштабовите од земјите членки на А-5, како и со врховниот командант на Сојузничките сили во Европа (SACEUR) и командантот на европската команда на САД за Европа (EUCOM), генералот Алексис Гринкевич.

Како набљудувачи на конференцијата присуствувале и воени претставници од Генералштабовите на Вооружените сили на Словенија и од Косовските безбедносни сили, а во улога на гости биле и командантите на Националните гарди од сојузните држави на САД, кои се партнери на земјите членки од А-5.

Ден претходно се одржа конференција на главните подофицери на Вооружените сили на земјите членки на А-5. 

Поврзани вести