
Поранешната советничка во Град Скопје од редовите на СДСМ, Софија Куновска, во гостување на „Само вистина“ на „Канал 5“ изјави дека нејзиното напуштање на партијата било поради тоа што „почнале процеси во коишто веќе не постоела идеологија“ и „бил присутен клиентелизам“ во партијата, што според неа, подоцна резултирало и со клиентелизам во владата.
СДСМ не го почитува сопствениот статут. Како од политичка партија која што не го почитува сопствениот статут да очекувате дека ќе почитува било што друго?“, праша Куновска.
Според неа, актуелното највисокото раководство на СДСМ не ги исполнува статутарните услови за да ги извршува функциите.
Многу убаво е пропишано кој може да биде потпретседател, колку стаж треба да има, колку пати треба да биде избиран на централен“ вели Куновска.
Таа наведе дека актуелниот претседател на СДСМ, Венко Филипче, никогаш нема потпишано пристапница во СДСМ.
Јас ви тврдам дека Венко Филипче никогаш не потпишал пристапница во СДСМ. Венко Филипче беше потписник на контрапленумот, за време на Шарената револуција, Венко Филипче беше советник на Нино Тодоров, немојте да ме убедувате дека Нино Тодоров викаше социјалдемократи да му бидат советници“, рече Куновска.
Таа ги посочи и актуелните потпретседатели на партијата, за кои рече дека, исто како лидерот, не исполнуваат услови да бидат потпретседатели или заменик на претседатели на СДСМ.
Едноставно е. Да не ги набројувам другите. Ана Чупеска, Фани Каранфилова, Каја Шукова, не исполнуваат услови да бидат потпретседатели или заменик-претседател на СДСМ. Статутот дури и не можете да го најдете на страницата на СДСМ веќе“, рече Куновска.
Таа додаде дека откако Зоран Заев ја презел функцијата претседател на СДСМ, „критичната маса во партијата сосема и не постои“.
Се намали критичната маса којашто може да критикува било што, заради тоа што начинот на кој што се поставува раководството на СДСМ од Заев наваму е тој што го критикува раководството дека треба да биде исфрлен од играта“, вели Куновска.