
Според најновите податоци на Државната изборна комисија (ДИК), до 21:10 часот се обработени околу 33,53% од избирачките места во Куманово, при што водство има Максим Димитриевски, кандидатот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, со освоени 32,95% од гласовите (3.593 гласа).
На второ место е Селвер Ајдини од Националната алијанса за интеграција (НАИ) со 23,28% или 2.539 гласа.
Трет е кандидатот на СДСМ, Мартин Костовски, со 11,45% (1.249 гласа).
Следуваат:
Арбен Етеми (ВЛЕН) – 14,88% или 1.623 гласа,
Горан Стојковски (Група избирачи) – 8,02%,
Мирослав Петровиќ (Левица) – 3,68%,
Виолета Арсовска (ЛДП и ГРОМ) – 0,70%.
Во Куманово, на избирачки список се запишани 94.041 гласачи, а до моментот на пресекот гласале 25.800, што претставува излезност од 27,43%.