
Додека Бајрами и Груби ја испокрадoа Лотарија и избагаа СДС молчеше само за коалиционен мир и да ќари ден повеќе на власт, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Бајрами и Груби во Лотарија правеле што сакале, брутални докази за недостатоците и недоследностите во институцијата има и во извештајот на ДЗР.
Во извештај на ДЗР, утврдено е дека се исплаќале аванси за “мали добивки” на деловни соработници вредни 14 милиони денари, од кои, за 13 милиони денари документацијата била неуредна или невалидна.
Исто така ДЗР утврдил и спорна документација за 36 милиони денари готовински одливи и 7 милиони денари приливи. И за ова, во извештајот се вели дека има изјави дека за тие износи не се примени ниту вратени аванси, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
ДЗР преку увид во трговските книги и анализи на податоци од централниот онлајн систем и платформата за интернет игри, утврдила дека се нереални и неоправдани сметководствени записи за нелогични трансакции во износ од 123 милиони денари.
Бајрами и Груби оставиле спорна документација за над 180 милиони денари или близу 3 милиони евра.
Криминалците мора да одговараат, децидни се од владејачката партија.

Македонски






