Skip to main content

Колумна на Костов: Правда и одговорност – да, ама не преку улица, нереди и дивеење – туку преку институциите

Средношколците од #Тетово со моќна порака: Говориме различен јазик, но плачеме исто!” 💔Porosi e fuqishme e nxënësve të SHMKM Nikola Shtejn:”Flasim gjuhë të ndryshmë, por qajmë njejtë” 🙏… Овие ученици се вистински homo legens – размислуваат, осознаваат и совесно постапуваат. Прва лекција за сите нас.

Попот од Кочани: “Во име на Бога ве молам смирете се и да ги закопаме тие дечиња“ и замоли сите да појад во црква и да се помолат за душите на починатите деца.( “Добро….така е….. во право е…. готово…. ајде си одиме…“, реакции на учесниците во протестот). Тоа е homo sapiens – паметен човек. Тоа е homo spiritus – духовен човек. Втора лекција за сите нас.

А сега за злонамерниците, деструктивците и тие без достоинство, душа и вера – насилниците.

Се појавија вчера КАНВАСИТЕ во Кочани, и како по правило, еве ги денес и пленумите – “независни“, кои делетимираат цела една студентска организација. Прочитани сте дечки, барем од мене и сите што се со мене, а не се малку. Знаеме дека ве активира тајната и темна лабораторија на злото, која, за почеток сака да го прикрие канцерогеното пипало на мафијата во Кочани, а потоа да се прошири тоа насилие и низ Македонија и пак преку улица, без избори да ги вратат тие што ги создадоа овие МАКЕДОНСКИ ЦРНИЛА. Веќе видено, веќе доживеано и преживеано. Нема враќање! Нема одговорност за пајаци и кабли. Не! Доста беше. Сега одговорноста има име и презиме. Сега за сега тоа се инспектори, началници, полицајци, државен секретар, нинистер. Не смееме да дозволиме овие темни и деструктивни луѓе – viri opskuri, како и homo videns – луѓе што гледаат, ама не „видат“, што слушаат, ама не заслушуват, луѓе што немаат рацио, други за нив размислуваат, и со далечински управувач ги диригираат. Грдото лице на манипулацијата и злонамерата.

Се враќам на трагедијата што не снајде.

Во мислите сум со повредените и моите молитви се за нивно брзо закрепнување, јас сум со родителите и сите роднини и блиски на трагично загинатите и повредените, јас сум со огромниот број Македонци кои жалат, имаат болка во срцето и тага во душата. Им се восхитувам на средношколците од Тетово и на нивниот начин на израз на тага, жалење, хуманизам и солидарност. Јас сум со младото момче од Кочани(12-13 години) кое вчера на македонски и англиски јазик(поради странските медиуми) на достоинствен начин ги изрази револтот, незадоволството, тагата. Јас го поддржувам Попот од Кочани кој со храброст и голема свесност и совесност спречи насилство и можна нова трагедија. Ги посочувам и осудувам КАНВАСИТЕ кои вчера практикуваа нереди и насилство во Кочани(да појаснам тие се 6-7 увезени насилници, кои за кратко заведоа 20-30 млади луѓе. Останатите достоинствено тагуваа и жалеа). Апелирам, да не дозволиме да не водат ЛАЖНИ МЕСИИ(ВОДАЧИ), кои како по правило секогаш се со скриен идентитет(маскирани со качулки), и единствена цел им е предизвикување нереди и насилие. Тие ја бранат мафијата која во Кочани дилува дрога на млади и алкохол на малолетници. За да се спасат вчера ја наметнаа Психологија на толпата како “Закон на улицата“(продолжение на беззаконието – аномијата), тоа принцип на Талион(улична одмазада), тоа начело “око за око, заб за заб“.

Ви претставив две парадигми, две матрици, два вредносни система. На нас е да избереме за кој ќе се определиме и според кој ќе постапуваме. За овој избор потребно е рацио со свест и совест.

Ајде да бидеме достоинствени и да ја шириме новата култура на размислување и однесување и да помогниме во овие тажни, жални и траорни моменти. Уште еднаш неизмерно жалам за изгубените млади животи, сочуствувам со роднините на загинатите и повредените и испраќам неизмерна енергија, љубов и желби за закрепнување на сите повредени.

Сотир Костов



Поврзани вести