
Камерата на ТВ21 регистрираше долга колона на возила пред граничниот премин Блаце во Македнија.
Се претпставува дека долгата колона е резултат на локалните избори кои денес се одржуваат во Косово.
Во Косово денеска се одржуваат локални избори во 38 општини. Граѓаните избираат градоначалници и советници, а учествуваат 206 кандидати за градоначалник и 5.420 за советници.
Избирачките места се отворени од 7 до 19 часот. Право на глас имаат 2.025.105 регистрирани гласачи, како и дополнителни 43.993 кои се регистрирани за гласање по пошта однадвор од Косово