
За почеток, мнозински ќе се согласиме, дека сме во држава, куќа, која преживеала тешко оштетување – од темелите до животот во неа. Убедливо мнозински избравме мајстори за санација, и работата тргна. Како и секаде, на оној што ја има маката во куќата му се брза, на мајсторите им е важно да биде куќата стабилна, безбедна. Да трае, да се види мајсторијата. Некогаш, тоа изгледа бавно но, крајот е блиску и саглам куќата ќе ја биде. Ни малтер не се реди за саат, ни руина од куќа се оправа за ден вели Драган Павловиќ Латас во неговата колумна која ја пренесуваме во целост.
Се чека санација на темелот. А темелот е нагризен од корупција. Би требало да се знае кој ќе биде нов Државен (Јавен) обвинител наместо Коцевски. И, набргу потоа, кој ќе биде новиот шеф на Вишото јавно обвинителство, скопското. Моите Тарот карти ми кажуваат дека во двата случаи ќе биде Тој, а не Таа. Чекаме…
А во куќата? Чекаме да видиме како ќе се покачуваат пензиите од март. Во државава има над 350.000 пензионери кои ја чекаат веста ококорени. А пензионер не сме долго да биде ококорен пошто ќе му се дигне притисок и после е поскапо да го лечиш.
Некако без да очекуваме дочекавме нешто што јас не сум го видел последниве три децении кога е збор за позиционирање на државата Македонија. Уште од оној референдум за независна држава и избор на првата македонска самостојна влада и претседател. Чекавме подолго од очекуваното, и не згрешивме.
Значи од тогаш, до сега, што се однесува на позиционирање на државата, создавање место за почит и соработка со крупните играчи во светот, оттогаш до денеска успех за така краток рок не сум видел. Особено не толку битно, и толку брзо. До сега.
За последниве неколку месеци Мицкоски успеа да добие три битни тапии. Да се потпише договор за стратешка соработка и крупна финансиска поддршка со Велика Британија. Од Брисел ЕУ да прати ферман дека успешно се завршени сите потребни услови пред почетокот на преговори за членство и, Американците на чело со Трамп да потврдат битност на нивната стратешка соработка со Македонија ставајќи не во групата држави со привилегирана царина во време кога Европа се бори за тој царински статус.
Историски. Чекор по чекор се менува сликата и односот кон Македонија: од оној на држава која е најкорумпирана после Украина и Косово, бевме на 112-то место на листата на Транспаренси интернешнел, и за која Македонија секој во Европа веруваше дека политиката овде зависи од бројот на нулите на вирманот за исплата на премиерот, министрите и пратениците… Сега дојдовме до ниво Британците да ни бидат гаранти за скоро шест милијарди евра наменети за проекти и инвестиции.
Ако мислиш дека тоа е мала работа, прашај се за кого си спремен да потпишеш да бидеш жирант за големи пари. А скоро 6 милијарди евра се големи за секого. Накусо, Мицкоски од Вашингтон, Брисел и Лондон ги доби клучевите за влез во друштвото на пристојни и уредени држави. На партнери. А кога ќе поставиш таков темел, работите потоа одат нормално, по ред, се е само прашање на време – Кога, а не Дали?
И сега на Бихаќка се нервозни. Благо речено хистерично нервозни, да не ги навредам со некој друг збор кој поблиску ги опишува.
Нивниот Заев се среќаваше со “бизнисменот“ од УДБА Дака Давидовиќ, па со лажниот црногорски принц Чернетиќ, па со Мајкл Штраумитис, познат како Биг Мајк, кој дојде кај Заев претставен како “крал на марихуаната“ што беше удар и навреда врз титулите на неговите пријатели, дилерите од Грчец и Арачиново, особено на Црногорците од Кавачки клан па после Друже Заев и СДСМ мораа да се оддолжат со милион евра дадени на Арачиново како “хуманитарна помош“ и лиценци на Кавачки клан за одгледување марихуана по македонски ниви (еј, марихуана да садат по ниви) која на крај завршуваше кај Кавачкиот клан и плус над 100 наши фалц пасоши за кланот.
Со такво друштво, со такви тапии и комбинации, не се прави држава. На Австрија или Швајцарија да им го дадеш Заев, “оној дудукон Ќуран од Куманово“, или Филипче за премиер – ќе ти ја сјебат државата за еден мандат. А и ние едвај преживеавме.
Арно ама, ова е Балкан. Зона на недовршени војни. Научен, жилав народ. Навечер легнуваш во една, а сабајле се будиш во друга држава. А не си мрднал од место.
Народ научен да преживува ама до преку таквото му е, сака да почне да живее. Нормално. А за нормален живот ти треба нормална држава. Нормално обвинителство, судство, нормална плата и пензија, нормално образование и здравство.. Што, нормално, се постигнува ако создаваш нормални сојузници, партнери како од Лондон или Вашингтон. Со партнери дилери, лажни принцови и кавачки кланови – јок.
Па после на Бихаќка се нервозни. Благо речено хистерично нервозни. Е се, тоа е.
Го испушија. На пропуштеното време за преродба мислам. Марихуната допрва ја пушат и уши им чурат кога гледаат што се случува сега, и знаат што ќе следи.
И Филипче, “оној Супефилипче“ зад кого останаа неутврден број починати од немање вакцини, по Онкологии, корупција со Хематологија, пожари во тетовската “болница“… Заев повторно го избра за шеф на СДСМ во стечај. Да му ја чува фотељата и да си ја заработи сметката со обид за застарување на делата на Заев, но и сопствениот кеш.
Целата колумна можете да ја прочитате тука.

Македонски



