Skip to main content

Кога со Захариева преговараа за македонскиот беше нормално: Османи го боли кога чепкаат по албанскиот јазик

Бујар Османи пак е во главна улога.Поранешниот министер за надворешни работи е многу погоден што Уставниот суд се дрзнал да ја оценува уставноста на Законот за јазици. Неговата ДУИ пак прави циркус и организира т.н стража за јазикот пред судот кој мора да го штити уставот на државата.

Oмани преку статус на социјалните мрежи се закани да не се чепка во албанскиот јазик.

Мојот јазик, моето право, мојот идентитет, не го допирајте.

Така е Бујаре, но истото требаше да го кажеш кога со твојата пријателка Захариева преговаравте за македонскиот јазик и историја, ветувавате Бугари во Устав и потпишувавте протоколи заради кои денеска не можеме да ги почнеме преговорите.

Многу е лесно кога преговараш за Македонците нели?, Тогаш не боли?

Aвтор: Игор Чавески

Поврзани вести