Skip to main content
СТАВ НА ВМРО-ДПМНЕ

Koцевски избра да биде заштитник на ДУИ и СДСМ

Коцевски е делегитимиран и нема интегритет да биде повеќе на позицијата обвинител бидејќи наместо да ја брани правдата и да го гони криминалот тој ги штити политичките интереси на СДС и ДУИ,oбвини ВМРО-ДПМНЕ.

Коцевски избра да биде заштитник на СДС и ДУИ и по секоја цена да ги штити партиските функционери на СДС и ДУИ да не одговараат за бројните криминали за коишто постои сомнение дека ги направиле изминатите 7 години.

Коцевски е симбол на обвинителство кое е ставено во служба на партиската елита, под негово водство обвинителството не гони криминал, не отвора предмети туку ги држи во фиока. Коцевски го прикрива криминалот.

Printskrin

СДС со негласањето на интерпелацијата за Коцевски јасно покажаа дека обвинителот избран во Мала Речица и Бихачка треба да им служи за партиските интереси и да го штити криминалот на СДС и ДУИ.

Обвинителот кој штити политичари треба да си замине од функцијата. Коцевски нема интегритет и треба да замине. На Македонија и е неопходно судство растеретено од политичките пранги. Владеење на правото мора да профункционира.

Поврзани вести