
Ја информираме јавноста дека Клиничката болница „Аџибадем Систина“ со сите свои ресури се става на располагање за транспорт и прифаќање на повредените лица во трагичната несреќа во Кочани, информираат од болницата.
Ве известуваме дека веќе е направен прием на тешко повредени пациенти во болницата. Болницата е во постојана комуникација со Министерството за здравство и се вклучува во помош онаму каде е најпотребно.
На располагање се 20 интензивни места за третман на најкритичните пациенти, како и целокупниот капацитет и медиицнски тим на болницата неопходен за итен третман.