Skip to main content

Клековски обелодени: Констатирани злоупотреби во повеќе здравствени установи

Фондот за здравствено осигурување констатирал многу злоупотреби во повеќе здравствени установи во земјава. Директорот Сашо Клековски во интервју за „Алсат“ рече дека се поднесени кривични пријави против шестмина директори. Клековски очекува обвинителството да постапи брзо, притоа потенцирајќи дека неколкупати контактирал со надлежните за да праша до каде се истрагите

Тој вели дека се работи за директор на здравствена установа во Тетово, додека останатите пет се од Скопје. Клековски појасни дека станува збор за индивидуални и структурни злоупотреби.

Друг проблем со кој се соочуваат здравствените установи е долгот на здравствените установи. Клековски рече дека долгот достигнува 5 милијарди денари.