Согласно извешатите за спроведени активности од страна на општините во период од 20 до 24 јануари, во 11-те општини што доставиле извештаи до Министерството за животна средина и просторно планирање се спроведувале редовни и засилени инспекциски контроли.
При обиколка на општина Гази Баба и контрола на загревањето на малите сервиси не затекнала согорување на отпад, но затекнати се две физички лица кои гореле гуми и електрични кабли и изречени им се казни.
Исто така, на едно правно лице му е изречена казна за несоодветно депонирање на отпад, а на три домаќинства што се загреваат согорувајќи дрвен отпад (иверки, отпадни даски и слично) по овој основ им се изречени опомени и им е наложено итно отстранување на отпадот од дворните места и користење на огревно дрво за затоплување.
Општина Кисела Вода изрекла две казни на физички лица за горење на отпад на отворено, додека општина Илинден во неколкуте рутински контроли на отворен простор на подрачјето на општината не утврдила неправилности.
Општина Охрид спровела инспекциски надзори во два авто сервиса од кој еден се загревал на дрва, а другиот на електрична енергија, а во двата отпадните масла се предавале на овластена фирма.
Во Општина Битола извршени се вонредни инспекциски надзори во 4 инсталации со Б интегрирани еколошки дозволи: МЛЕКАРА АД Битола, ЛАЦТАЛИС ДООЕЛ Битола, ИМВ ВЕЛКОВСКИ ДОО Битола и КВАСАРА АД Битола. Од страна на акредитиран субјект извршени се мерења на емисии во воздух при што е констатирано дека кај МЛЕКАРА АД Битола и ЛАЦТАЛИС ДООЕЛ Битола каде како енергенс се користи мазут, има надминување на дозволеното ниво на емисии NOx (азотни оксиди), а кај КВАСАРА АД БИТОЛА каде како енергенс се користи дрво, има надминување на CO (јаглерод моноксид), за што им се изречени опомени. Контролни надзори ќе се извршат во јануари 2025 год.
Исто така, при вонредните надзори на четири пекари констатирано е дека сите користат исклучиво огревно дрво.
Во општина Тетово, од пет засилени контроли на мали инсталации констатирано е дека четири од нив корист дрво во произведствениот процес (главно пекари), а само една електрична енергија.